Автомобили и мобилност
Фотографија на денот: Олдтајмери во Германија
14 август 2017Реклама
Некои лудуваат по најнови модели автомобили, некои по - стари. Во 2017 година во Германија се регистрирани околу 380.000 олдтајмери, 10,8 проценти повеќе од лани, а порастот во однос на 2007. година е дури 163 насто. Една третина од нив е од германски автомобилски производители. Најомилен олдтајмер кај Германците е „бубачката“ од Фолксваген. На оваа #ФотографијаНаДенот гледате различни модели на Форд. Сопствениците учествуваат на заедничко возење во близина на Бад Тајнах-Цафелштајн, во покраината Баден Виртемберг.