„Паѓаат маските“ за вакцинираните во САД
28 април 2021Американските здравствени власти порачаа дека вакцинираните лицата кои се целосно имунизирани не мораат да носат маска на отворено, освен ако не се опкружени со поголем број непознати луѓе.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави нови насоки, кои се уште еден чекор кон натамошно нормализирање на животот.
„Ако сте ги примиле двете дози од вакцината и сакате да учествувате во мал собир на луѓе можете да бидете без маска“, изјави директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски.
Повеќе:
-Коронавирус: Маските на отворено немаат смисла, опасноста демне во затворени простории
-Докиќ советува: Носете две хируршки маски наместо една
-Фотографија на денот: „Златната кокошка“ на пандемијата
Според нејзините зборови, научните податоци покажуваат дека вакцинираните луѓе можат безбедно да бидат без маски на отворено ако се во присуство на мала група луѓе.
За време на поголемиот дел од минатата година на граѓаните на САД им беше советувано да носат маски на отворено ако се меѓусебно одалечени помалку од пет метри.
Промената на упатствата на здравствените претставници доаѓа откако повеќе од половината возрасни Американци добија најмалку една доза од вакцината против коронавирусот, а речиси една третина се целосно имунизирани. Во упатството на ЦДЦ се наведува дека луѓето кои се целосно имунизирани не мораат да носат маски за време на активностите на отворен простор кога се сами или со членовите од своето домаќинство.