Подготовки за налетот на ураганот „Ида“
28 август 2021Американскиот национален центар за урагани издаде предупредување од животно опасни обилни врнежи од дожд, надоаѓање реки и буици и лизгање на земјиште за западниот дел од Куба, но и за Јамајка и Кајманските острови. Илјадници луѓе се евакуирани, во Хавана е прекинат и јавниот сообраќај. „Ида“ денеска веројатно ќе го помине Мексиканскиот Залив и утре ќе стигне до американската сојузна држава Луизијана. Прогнозите велат дека „Ида“ може да достигне ураганска сила од четврта до петта категорија. Доколку со ваква сила удри на американскиот брег, се очекуваат катастрофални последици.
„Ида" утре попладне ќе стигне и до Њу Орлеанс, 16 години откако градот беше погоден од ураганот „Катрина“, кога загинаа повеќе од 1800 луѓе. Во сите области каде се очекува невремето, се врши делумна евакуација, во Њу Орлеанс се полнат и делат вреќи со песок за подигање бариери пред водата, а луѓето вршат и други подготовки – се снабдуваат со храна, гориво, ги обезбедуваат дополнително своите куќи.