Спорт
Сала за ракометни соништа
1 јуни 2019Реклама
Едно од тие чуда беше победата на РК Вардар во финалниот турнир пред три години. Македонскиот ракометен шампион и годинава ќе се обиде од улога на аутсајдер да го повторни успехот од 2017 година. Противник во полуфиналниот меч е екипата на фаворитот Барселона која е еден од најредовните учесници на Ф4 турнирот во Келн. Сепак Вардар е единствениот клуб кој успеал трипати едно по друго да обезбеди место на „ракометото славје“ во Ланксес арената. Посакуваната победа над Барселона ќе значи пласман во финалето каде противник ќе биде подобриот од дуелот меѓу полскиот Кјелце и унгарскиот Веспрем. Ланксес арената е секогаш подготвена за ново чудо.
За загревање потсетуваме на убавите моменти од прет три години: