Фотографија на денот: Светска конференција за климата
6 ноември 2017Реклама
Делегации од околу 200 земји во Бон ќе преговараат за конкретно спроведување на Парискиот договор за климата од 2015 година. Со напрегнатост се очекуваат потезите на САД, по најавата дека оваа земја се откажува од Парискиот договор. Земја домаќин Светската конференција за климата е Фиџи, но со оглед на тоа што островите не можеа да сместат 25.000 учесници, средбата се одржува во Бон, каде се наоѓа седиштето на Секретаријатот за клима на ОН.