1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Смртоносен напад врз џамии во Крајстчрч

СН/ агенции
15 март 2019

Во веројатен терористички напад врз џамии во новозеландскиот град убиени се најмалку 40 луѓе. Главноосомничен за нападот е еден Австралиец, екстремен десничар.

https://p.dw.com/p/3F6ON
Neuseeland Schießerei in Moschee in Christchurch
Фотографија: Reuters/TVNZ

Во две џамии во градот Крајстчрч за време на петочната молитва беше отворен за верниците.. Според премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, 40 лица загинале, а повеќе од 20 се повредени во нападот. Според полицијата, тројца мажи и една жена биле уапсени. Не е јасно дали наводниот сторител е меѓу нив. Во моментов нема други осомничени лица, се вели во соопштението. Ардерн го нарече нападот -терористички акт. Таа го подигна нивото на тревога од терористички напади во земјата на „високо".

Neuseeland Angriff auf Moscheen in Christchurch
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Fievet

Според австралискиот премиер Скот Морисон, уапсениот главно осомничен е Австралиец. Морисон зборуваше за „екстремно-десничарски  насилен терорист".

Триесет лица загинаа во џамијата Ал Нур во центарот на градот. Седум лица загинаа во втората џамија во предградието Линвуд, а уште три лица надвор од џамијата. Според извештаите на очевидци, сторителот бил бел човек облечен во маскирна облека со шлем и непробоен елек. Според портпаролот на полицијата, исто така, биле деактивирани неколку експлозиви, кои биле прикачени на автомобили.