Со гумен чамец преку Ламанш – кобниот пат на мигрантите
25 ноември 2021Речиси секојдневно големи групи мигранти се обидуваат од Франција преку каналот Ламанш да стигнат во Велика Британија. За дел од нив обидот вчера завршил со кобни последици – чамецот во кој се наоѓале се превртил, меѓу жртвите се и три деца и седум жени, од кои една била бремена. Двајца од мигрантите се спасени, но се наоѓаат во животна опасност. Петмина шверцери, за кои се претпоставува дека се вмешани во неуспешниот обид за премин на Ла Манш, се уапсени. Патролен чамец на француската морнарица ги открила безживотните тела на мигрантите како пливаат на површината на водата пред брегот на Кале.
Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон во телефонски разговор договориле засилени заеднички напори за спречување на вакви човечки драми, заострени акции против шверцерите кои го ставаат на коцка животот на луѓето заради сопствен профит. Истакната е и потребата за координирање на соработката и со Белгија, Холандија и други европски партнери.