Фотографија на денот: Стоп за луксузните стоки за Русија
16 март 2022Реклама
Европската унија со новиот пакет санкции донесе забрана за извоз на луксузни стоки во Русија. На листата се ставени скапи автомобили, шампањ, дијаманти, кавијар, цигари, но и уметнички дела, крзно, накит, часовници, парфеми и скапи електронски апарати. На листата со санкции се ставени и 15 нови имиња на олигарси и претприемачи кои се дел од „тесниот круг“ луѓе околу претседателот Владимир Путин.
На оваа фотографија црква се огледува во излогот на затворената продавница на Луј Витон во трговскиот центар ГУМ во Москва. Цели катови во ГУМ се со празни полици. Своите продавници ги затворија и Прада и Гучи, но и фирми како Зара, Х&M или Масимо Дути.