1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Транспарент против војната среде вести

15 март 2022

Противничка на војната ги прекина вестите на руската државна телевизија со порака против војната и пропагандата.

https://p.dw.com/p/48U44
Screenshot | Channel One Russia
Фотографија: Channel One Russia

Во текот на вестите на руската државна телевизија, зад водителката во студиото одеднаш се појави жена со плакат на кој стоеше: „Стоп за војната! Не ѝ верувајте на пропагандата! Овде ве лажат. Руси против војната.“. Покрај тоа, таа и повеќепати извика: „Не за војната, не за војната, не за војната!“ Потоа вестите беа прекинати и беа прикажани снимки од болница.

Видеото со жената, која е вработена во „Канал 1“ на телевизијата, веднаш се прошири на социјалните мрежи. Активистката, како што се вели, е од мешан брак - мајка од Русија, а татко од Украина. Таа е уапсена. На медиумите во Русија им е забрането да ја нарекуваат инвазијата во Украина - „војна“. Наместо тоа, официјално се зборува за „воена специјална операција“.