Фотографија на денот: Чевлите на иселените од Молдавија
25 февруари 2019Реклама
Во текот на протестите во главниот молдавски град Кишињев, одржани во текот на викендот, граѓаните со празни чевли го свртеа вниманието врз иселените. Чевлите симболизираат и надеж во подобри времиња - за потенцијалните повратници се чува место во нивната татковина.
Молдавија со околу 3,5 милиони жители е една од најсиромашните земји во Европа. Економијата е зависна од парите кои ги испраќаат Молдавците заминати на работа во странство и извозот на вино и други земјоделски производи, пред сѐ во Кина и источна Европа