1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франкфуртер Рундшау: ”Без посредникот Трајковски се закануваат немири”

11 март 2004

Во текстот на Петер Матисен, инаку воен аташе во Скопје до декември 2002 година, се анализира состојбата во земјата по смртта на македонскиот претседател и изборната борба која почна со веста за уривањето на авионот. Еве што тврди Матисен, кој денеска е експерт за Балканот.

https://p.dw.com/p/AeHL
Трајковски - личност која интегрираше
Трајковски - личност која интегрирашеФотографија: AP

”Македонскиот претседател, Борис Трајковски, минатиот петок беше погребан во присуство на дипломати од над 70 земји. Со право им е оддадена почит на неговиот интегритет, неговата харизма и неговите заслуги. Тој беше исклучителна појава како посредник во земјата проткаена со етнички тензии. Убиства и пожари речиси секојдневно ја подгреваат климата на негативен начин, сето тоа засилено со едностраното известување на сите медиуми. Албанското малцинство за време на изборната борба и изборите е јазиче на вагата. Борис Трајковски во 1999 година ја имаше нивната согласност како фигура која интегрира, поради неговиот ангажман за стотици илјади албански бегалци од Косово. По албанскиот бунт во 2001 година, кој заврши со Охридскиот рамковен договор, тој лично се заложи за спроведување на договорот и за поголеми права на албанското малцинство. Тоа го предизвика неговиот имиџ како ”пријател на Албанците” и со тоа го навлече противењето во редовите на националистите. Од друга страна, тој само во определена мерка ја доби довербата на албанското малцинство, со оглед на тоа што како врховен командант на безбедносните сили нареди ангажман на армијата против вооружените Албанци. Неговите заслуги како посредник се неспорни, но повторен избор во вакво напрегнато поле беше исклучен.

Изборната борба почна со веста за уривањето на авионот, во кое загина Трајковски. Македонскиот премиер, Црвенковски, го замоли НАТО за помош во истрагата на несреќата. Тоа што се чини логично е инструментализација на уривањето на авионот за внатрешно-политички борби за превласт. Одговорни за воздушно набљудување во Мостар се меѓународните сили за заштита, СФОР, и барањето, како и дискусиите во јавноста укажуваат на тоа дека СФОР, а со тоа и НАТО, потфрлил – ако веќе не може да биде оправдано тврдење за атентат. Така се плетат легенди, се бараат виновници и се потпалуваат емоции.

Во изборната борба двете македонски партии, владечакиот СДСМ и опозиционата ВМРО ДПМНЕ, како и двете албански партии, коалициониот партнер ДУИ и ДПА, стојат непомирливо едни наспроти други. Македонските партии водат првенствено националистичка изборна борба – за опстојување на државата. Во суштина – против Албанците. Албанските партии се борат формално за повеќе права, слобода и влијание на албанското малцинство. Со тоа се борат против македонското мнозинство. Тоа исклучува коалиции и поларизацијата значително се зголемува. Така поделбата на земјата, која договорот од Охрид треба да ја избегне, е веќе изборна тема. Земјата има рок од 40 дена да избере нов претседател. Правниот и политички судир за продолжување на овој рок почна. Се дискутира за дополнување на уставот, со оглед на тоа што е под знак прашалник тоа дали владата може да ги заврши сите подготовки за изборите навреме. Секоја грешка, секое недоразбирање, кај секој етнитет ќе наиде на бесни протести како намерна измама и ќе биде политички еднострано искористено.

Подгреаното незадоволство на граѓаните може да биде искра која во изборната борба може да биде фитил за палење етнички судири.

Меѓународната заедница во 1999 година ја принуди Македонија да прими бегалци од Косово и во 2001 година, преку промени на уставот, да му признае на албанското малцинство пошироки права. Двете против волјата на македонското мнозинство. Ако веќе САД нескриено се залагаат за една министерка како нов премиер и со тоа го фаворизираат премиерот за претседател, тогаш тоа е повторно интервенција однадвор. ЕУ повика на помирливост и од Македонците побара да се остане на реформскиот курс поради посакуваното членство во ЕУ – ништо повеќе. Зашто, по политичкото решение дека Македонија веќе не е загрозена, воената мисија во декември 2003 година е заменета со европска полициска мисија. Таа на евентуален конфликт може само да посматра без да прави ништо, поради ограничените овластувања и средства. Доколку ЕУ сака да остане способна за дејствување во евентуална криза за задржување на државниот интегритет, задачата на мисиите во Македонија неодложно мора да биде преиспитана и променета. Во спротивно, Македонија останува препуштена самата на себеси, а тажниот биланс од 2001 година е познат – вооружени немири со опасност од граѓанска војна и поделба, зашто фигура која интегрира, како Борис Трајковски, не е на повидок.”