1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаити: Многу уапсени по убиството на Моиз

Штефан Штикелман
9 јули 2021

Во убиството на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, според официјални наводи, учествувале 26 Колумбијци и двајца Американци по потекло од Хаити. Од нив се уапсени седумнаесетмина.

https://p.dw.com/p/3wG0X
Haiti l Präsident Jovenel Moise ermordet l Polizei in Port-au-Prince
Фотографија: Joseph Odelyn/AP/picture alliance

Полицијата соопшти дека уапсила 15-мина осомничени Колумбијци и двајца американски граѓани. Според наводи на владата на Хаити, осомничените за убиството на претседателот Жовенел Моиз биле поранешни припадници на колумбиската армија. Тројца Колумбијци се убиени, а осуммина се во бегство.

Владата, и покрај убиството на претседателот Моиз, сака да се држи до плановите за претседателските избори и уставниот референдум, планирани за 26 септември. „Изборите не беа за Жовенел Моиз како претседател. Тие се неопходни за стабилизирање на земјата и политичкиот систем“, изјави министерот надлежен за избори Матијас Мјер во Порт-о-Пренс. Тој додаде дека подготовките се прават одамна и потрошени се милиони долари за спроведување на изборите.

Haiti | Protest nach Mord an Präsident Moise
Ситуацијата во Хаити е нестабилна долго времеФотографија: Richard Pierrin/Getty Images

Тешко вооружени напаѓачи, кои се претставиле како американски иследници за дрога, во ноќта помеѓу вторникот и средата успеале да влезат во резиденцијата на Моиз и го убиле. Според амбасадорот на Хаити во САД, Бочит Едмонд, напаѓачите се „странски платеници“и добро обичени убијци. Властите сега водат истрага и дали има евентуална вмешаност на телохранители на Моиз во убиството. Напаѓачите, како што се вели, по сѐ изгледа наишле на мал отпор при нападот.