1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален свет

Хакери им ги читале депешите на ЕУ-дипломати

ЕМФ / дв
19 декември 2018

Хакери со години имале пристап до информации од претставници на ЕУ, пишува „Њујорк тајмс“. Зад нападот наводно стои кинеската влада.

https://p.dw.com/p/3AO1I
Tastatur und Bildschirm  mit Programmiercode und Binärcode
Фотографија: picture-alliance/K. Ohlenschläger

Информации на високи дипломати околу трговската политика на Доналд Трамп и белешки за разговори со претставници од Саудиска Арабија се само две работи кои хакираните информации ги вадат на виделина. Американскиот венсик „Њујорк тајмс“, како што се тврди, добил 1100 хакирани депеши на ЕУ-дипломати.

Еден од документите наводно содржи детали од дискусија помеѓу ЕУ-претставници и кинескиот претседател Ши Џинпинг, кој нападите на американскиот претседател Трамп против Пекинг ги оценува како „боксерски меч во слободен стил без правила“. Во друга инфромација ЕУ-дипломати за средбата на Трамп со рускиот претседател Путин во Хелсинки велат дека била „успешна (барем за Путин)“.

Повеќе:

Русија отфрли вмешаност во глобални сајбер напади

Франција: Хакери украле податоци за нуклеарни централи

Во трета информација висок дипломат на ЕУ препорачува САД да се опишуваат како „наш најважен партнер“, дури и кога ЕУ има различно мислење од американската влада за теми како промена на климата или атомски договор со Иран. Други депеши содржат информации за разговори со претставници од Саудиска Арабија, Израел и други земји.

Колку фирмите се безбедни на интернет?

Според весникот, хакерите продреле во мрежи на ОН, како и во мрежи на министерства за надворешни работи и за финансии. Нападите ги открила и на весникот му ги доставила калифорниската фирма за сајбер-безбедност „Ареа 1“, пишува „Њујорк тајмс“. Хакерите преку „фишинг-мејл“ до дипломати во Кипар успеале да направат прв влез, а потоа си обезбедиле пристап до неопходните лозинки за ЕУ-мрежата. „Ареа 1“ го доведува нападот во врска со кинеската влада.