1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Харадинај - нов косовски премиер?

ЖА/миа/танјуг10 јуни 2014

Рамуш Харадинај ќе биде новиот косовски премиер - ваков договор постигнале опозициските партии по одржаните парламентарни избори. На изборите победи Демократската партија на премиерот Хашим Тачи.

https://p.dw.com/p/1CFWj
Фотографија: DW/B. Shehu

Премиер на Косово ќе биде лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај - тоа е резултатот на договорот меѓу претставниците на оваа партија и Демократскиот сојуз на Косово и Иницијативата за Косово, дознава Танјуг од извори блиски на овие партии.

Според истите извори, Демократскиот сојуз на Косово ќе го добие местото претседател на Косово и претседател на Парламентот, додека лидерот на Иницијативата за Косово, Фатмир Лимај, ќе биде заменик премиер.

Извори на весникот „Експрес“ наведуваат дека лидерите на опозициските партии на Косово се договориле Харадинај да биде идниот премиер на Владата на Косово.

„ДСК, АБК и Иницијативата за Косово се договорија да не влегуваат во коалиција со Демократската партија Косово на Хашим Тачи. Иса Мустафа и Фатмир Лимај се согласиле местото премиер во идната заедничка влада да му припадне на Рамуш Харадинај“, вели изворот на весникот.

Оваа влада, како што тврдат медиумите во Приштина, ќе биде поддржана и од партијата Самоопределување на Албин Курти.