1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин: Скопје и Атина напишаа историја

БГ
12 јуни 2018

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас вечерва оцени дека договорот меѓу владите во Македонија и Грција е одлична вест и повика на негово спроведување во обете земји

https://p.dw.com/p/2zQKl
Heiko Maas
Фотографија: Getty Images/AFP/O. Andersen

Одлична вест е дека двете страни најдоа решение и се согласија за името Република Северна Македонија, порача германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас вечерва. Според него, сега е отстранета и клучната пречка за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО. 
„25 години спорот за името на Поранешната југословенска Република Македонија стоеше меѓу Македонците и Грците. Скопје и Атина денес напишаа историја“, вели Мас.  „Вредеше што никогаш не се откажавме од надежта, што бевме во постојана блиска размена и што двете страни и во тешки фази секогаш одново наоѓаа компромиси. Преговорите беа долги и макотрпни. Но, на крајот решителноста и визијата на двајцата премиери и нивните министри за надворешни работи доведоа до успех. На двете Влади им честитам од срце за овој историски договор!“
Шефот на германската дипломатија ги повикува „сите политички сили во Скопје и во Атина да придонесат за спроведување на овој историски договор“. Според него, тој ги јакне добрососедските односи меѓу двете земји и придонесува за стабилноста на Западен Балкан.