1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хип - хопот, уметност која воодушевува!

19 септември 2005

Оние кои не се разбираат добро, кога ќе го чујат зборот Хип - хоп веднаш помислуваат на римувани зборови, брзо изговорени и шриоки панталони. Но Хип - хопот веќе поодамна го направи скокот од култ во култура.

https://p.dw.com/p/Aeap
Хип - хоп Светско првенство
Хип - хоп Светско првенствоФотографија: dpa - Report

Басовите и висината на звукот мораа перфектно да се наместени, за настапот на најдобрите ди џеј во светот да биде извонреден.

Првото Хип - хоп Светско првенство се вбројува во официјалната културна програма на Светскотот фудбалско првенство, кое ќе се оддржи наредната година во Германија.

Изненадување кај Ди - џеите

Кога комсијата на фондацијата се согласи да се оддржи манифестацијата за младите, никој не беше повеќе изненаден отколку самиот организатор Норберт Сајлер. Во Хип - хоп круговите тој подобро е познат како Параго:

„Кога се прави кулурна програма за Светското првенство, тогаш мора да се стори нешто и за културата на младите, а Хип - хопот веќе е видлив во многу живтони области на младите. Многумина се шетаат со широки панталони, но промени се заблежеуваат и во јазикот, во музиката. Тогаш реков, ако треба да се прави култура и ако може да се унапредува културата, а Германија сака да се преставува како толерантна и уметничка земја – тогаш Хип - хопот е вистинската шанса и не смее да недостасува. “

Три натпреварувачки дисциплини

Хип - хопот како културата на младите опфаќа широк простор, па на Светското првенство уметниците настапија во три дисциплини

„Има Брејкденс и Битбокс. Брејкденсот е вид ритмична акробација, тоа се момците кои се превртуваат на грб, и кои ги движат нозете во воздух, стојат на една рака, значи акробатика во вистинска смисла на зборот. Ди - џеите пак жонглираат со плочите. Бит Бокс тоа значи звуците и ритамот да се произведуваат само со гласот, целосно без инструменти, значи само со човечки глас.“

Како звучи Бит Боксот?

Трите момчиња од Белгија, веќе пет години настапуваат како група, под името „Пиро – ман“ кога настапуваат се чини дека не дишат. Во перфектна музичка и мелодична изведба ги менуваат различните стилови. Токму тоа е она што фасцинира во Бит Боксот, појснува тапанарот Жером

„Бит Боксот ги нуди сите стилски можности. Човек воопшто не е ограничен. Од поп, преку џангл, драм енд бејс, фанк па се до панк, се може да се прави.“

Фасцинантна уметност

На миксетата кормилото го презеде Ди - џеј Фел. Тој е концентриран, а неговите раце лесно се движат над винил плочите. Изгледа дека е опуштен, а токму така звучи и неговото објаснување за високата уметност на музицирањето со плочите

„При скречување се работи со плочи. Се истакнува битот, и се прави и соло скреч. При бит жонглирање имаш два грамофони можеш да ја пуштиш истата плоча и да направиш некој вид ремикс во живо. Третиот степен е комбинација значи истовремено скречуваш и жонглираш.“

Французинот и во 2003 и во 2004 година беше светски првак. Во Лајпциг сакаше да го повтори неговиот триумф заедно со францускиот тим, но не беше лесно да се убеди жирито составено од најуспешните Ди - џеи. Ди - џеј Фел

„Жирито гледа на многу работи: Изведбата мора да биде музичка, и оригинална, значи дали ќе користиш саунд, кој е слушнат веќе илјада пати или имаш сопствена крација? Потоа техниката: Треба да се прават што е можно помалку грешки во занаетот. И конечно важно е и шоуто. Мора да комуницираш со слушателите, и не смееше да бидеш укочен над твоите плочи.“

Французите го повторија својот успех во комбинација, и годинава на Светското првенство го освоија првото место, пред тимот на Германија.