Холандија е топ-фаворит на Евросонгот
18 мај 2019Холандија влегува како јасен фаворит во финалето на Евросонгот. По второто полуфинале во четвртокот, Холанѓанецот Данкан Лоренс вчера само уште повеќе ја зголеми својата предност во обложувалниците. За него и неговата балада „Аркаде“ се прогнозирани 43% шанси за победа. Разликата помеѓу Холандија и Австралија, која е на второто место со само 12%, е огромна.
Во тесниот круг на фаворити се вбројува и Швеѓанецот Џон Лудвик. Обложувалниците им придаваат добри шанси за победа и на Швајцарија и Азарбејџан.
Македонската претставничка Тамара Тодевскае некаде на средината според шансите за победа на Евросонгот, а германските фанови од Евросонгот не треба да очекуваат многу. Дуото „S!sters“ е на последното место на обложувалниците. Едната од пејачките во дуото, Лаурита Спинели, вели: „Не е срамота да загубиш. Затоа човек и не би требало поради тоа да се плаши од лош пласман.“
Во текот на изминатите години обложувалниците често имаа добра прогноза за победникот на Евровизија и пласманот на останатите учесници.