1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хронологија на теророт во Франција

В. Вулф/Н. Домазетовиќ15 јули 2016

Од почетокот на 2015 година Франција повеќе пати беше цел на терористички напади со исламистичка позадина. Во овие напади настрадаа повеќе стотици луѓе. Во продолжение осврт на хронологијата на тероризмот.

https://p.dw.com/p/1JPN3
Фотографија: Twitter/Elizabeth Shoo

7 јануари 2015: Беше нападната редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ во Париз, при што беа убиени дванаесет лица. Одговорност за нападот презеде огранок на Ал Каеда. Двајца од напаѓачите по бегството беа опколени од страна на полицијата, а во престрелката која следуваше и убиени. Третиот напаѓач, при бегството усмрти еден полициски службеник и зеде во заложништво еврејски маркет преполн со граѓани. За време на заложничката драма, тој уби уште четири заложници по што беше убиен од страна на полицијата. Тој се изјасни како припадник на „Исламска држава“.

19 април 2015: По убиството на една жена во Вилжиф во близина на Париз, беше уапсен еден студент. Подоцна произлезе дека тој имал имал контакти со сириски гурупи и дека поседувал арсенал на оружје со кое планирал напад на црква.

Frankreich Terror in Paris Stade de France
130 луѓе загинаа во нападите во Париз на 13 ноември 2015 година.Фотографија: Reuters/Ph. Wojazer

26 јуни 2015: 35 годишен исламист во Сен Кантен Фалавје во близина на Лион планирал да ја дигне во воздух локалната централа за снабдување со гас. Претходно, тој го обезглавил својот претпоставен и неговата глава ја поставил помеѓу две исламистички знамиња на оградата од фабриката каде што бил вработен.

13 ноември 2015: Во серија на напади во Париз, екстремисти на „Исламска држава“ убија 130 луѓе. Еден од нападите се одвиваше во концертната сала „Батаклан“, каде што публиката беше масакрирана. Во другиот дел на градот, повеќе барови и ресторани беа изложени на пукање од огнено оружје, додека во близина на стадионот на кој се играше пријателски натпревар помеѓу Франција и Германија тројца атентатори се разнесоа во самоубиствен напад.

18 ноември 2015: Во антитерористичка акција во Сен Дени во близина на Париз при апсењето на седум осомничени од страна на полицијата, тројца беа убиени. Еден од убиените беше исламистот по кого се трагаше, поради сомнение дека бил мозок на терористичките напади кои се случија пет дена претходно во Париз.

Symbolbild Frankreich Kampf gegen Terrorismus Januar 2015
Во Франција останува во сила вонредната состојба.Фотографија: Getty Images/A. Meunier

7 јануари 2016: На годишнината од нападите во „Шарли ебдо“ полицијата застрела еден напаѓач пред полициската станица во Париз. Тој бил вооружен со нож и носел појас со лажен експлозив.

24 март 2016: Во Арзентеј, предградието на францускиот главен град, полицијата уапси 34 годишен Французин кој во својот дом чувал оружје. Кај него полицијата пронајде 5 калашникови, еден автоматски пиштол и експлозив. Според полицијата, беше уапсена личност која била дел од терористичка мрежа која планирала нови терористички напади.

Frankreich Lastwagen-Anschlag in Nizza
Камионот на напаѓачот во Ница изрешетан со куршуми.Фотографија: Reuters/E. Gaillard

14 јуни 2016: Во Манјавил во западниот дел на Париз, еден напаѓач со нож усмрти полицаец и се затвори во неговиот дом. Подоцна, во домот беше пронајдена мртва сопругата на полицаецот. Извршителот при престрелката со полицијата, моменти пред да биде усмртен изјавил дека е следбеник на „Исламска држава“. Во тој период, државните органи постојано предупредуваа дека се можни терористички напади за време на Европското првенство во фудбал кое се одржуваше во Франција.

14. јули: За време на Францускиот нациоонален празник, напаѓач во Ница со камион влета во насобраната толпа луѓе. Најмалку 84 лица загина, а голем е бројот и на повредените.