Меѓу крајот на мај и средината на јули малото италијанско градче Кастелучио е место кое привлекува бројни посетители од земјата. И годинава иако во помал број поради пандемијата тие доаѓаа да го видат природниот спектакл -„Цутење“. Освен тоа и традиционалниот годишен мозаик во Кастелучио по повод „Цутењето“ овојпат беше во чест на здравствените работници и на жртвите од Ковид-19.