ЦДУ и ЦСУ размислуваат за собирање потписи против влез на Турција во ЕУ
11 октомври 2004ција во ЕУ. Идеја што,благо речено, предизвика бранувања во земјата.
Шефовите на држави и влади на ЕУ сеуште не донесе одлука за почеток на преговори на Турција со ЕУ за приклучување, а ЦДУ и ЦСУ веќе мислат на собирање потписи против влез на таа земја во унијата. Според политичарот на ЦСУ, Михаел Глос, приклучувањето на Турција кон ЕУ е судбинско прашање за Германија. Затоа, тој во Бундестагот бара собирање потписи. Предлог, што според шефот на ЦСУ, Едмунд Штојбер, исто како и според лидерот на ЦДУ, Ангела Меркел, треба да се разгледа.
”Мислам дека треба да се размисли за акција за собирање потписи за привилегирано партнерство и со тоа против целосно членство на Турција. Ме радува што за Турција имаме вистинска понуда. Ние не велиме едноставно ”не”. Во дадениот период мора да се решиме како тоа да се направи и кога да се спроведе акција, но мислам дека тоа не треба целосно да се исклучи.”
ЦДУ и ЦСУ сметаат дека ЕУ не може да поднесе членство на Турција и тоа не може да го финансира. Освен тоа, земјата не ги исполнува државно-правните и економските услови. Германската влада која се залага за почеток на преговори на Турција со ЕУ за приклучување и на самитот во декември ќе гласа “за”, нема разбирање за идејата на ЦДУ и ЦСУ. Портпаорлот на владата, Ханс Лангут, предлогот на унијата го нарече назаден и оддалечен од реалноста.
”Ако унијата сега смета дека мора да најави акција за собирање потписи против ваквиот став на владата и тоа дури и да го реализира, тогаш е тоа нешто што е апсурдно, зашто тоа би било собирање потписи против една политика која ЦДУ и ЦСУ ја застапуваат од 1963 година.”
Конечно, владите кои ги предводеше унијата беа тие што на Турција и ги ставија предвид преговорите за приклучување во ЕУ. Шефот на зелените, Клаудија Рот, планот за собирање потписи го нарече ”гнасен пример за расипаноста на политчката култура на унијата”. Идејата би морала да се разбере како кампања против Турците во Германија, смета Рот.
Од предлогот се дистанцираа и политичари на унијата. Фридберг Пфлигер, кој е во ЦДУ задолжен за надворешна политика, смета дека унијата има доволно можности за да го стави до знаење сопствениот став. Пфлигер препорачува откажување од идејата за собирање потписи. Европарламентарецот од редовите на ЦДУ, Елмар Бропк, рече дека поради предлогот добива стомачни болки, а против плановите на унијата се и либералите. Шефот на ФДП, Гидо Вестервеле, смета дека собирањето потписи не било ништо друго освен...
”...чист внатрешнопартиски фактор на мобилизација без практични резултати.”