1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦДУ/ЦСУ бараат пауза во проширувањето на ЕУ

Горан Гоиќ9 март 2009

Христијанско-демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел, во својата европска изборна програма пишува дека во догледно време единствено го поддржува уште членството на Хрватска во ЕУ.

https://p.dw.com/p/H8ZD
ЦДУ/ЦСУ бараат време за консолидацијаФотографија: Maksim Nelioubin

По пофалбите за досегашното проширување на ЕУ, што на Германија и` донело „политичка и економска корист“, ЦДУ бара пауза во примањето нови држави во Унијата. Таа вложи голем напор во проширувањето од 15 на 27 земји членки во рок од само неколку години. Затоа германските демохристијани се залагаат за пауза, односно „период на консолидација, во кој зацврстувањето на идентитетот и институциите на ЕУ би имале предност, пред пристапот на нови земји.“ Единствениот исклучок од ова правило, како што се нагласува, би била Хрватска. Ваквите пораки од изборната програма на партијата, во пресрет на изборите за Европскиот парламент кон средината на годинава, ги пренесе неделното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

За Турција само „овластено партнерство“

Kroatien im Gefolge der Türkei
Влез само за ХрватскаФотографија: AP

По долгите усогласувања, група експерти за европска политика, на чело со Генералниот секретар на ЦДУ, Роналд Пофала, ја составија програмата, која претседателството на партијата треба да ја усвои за една недела. Демохристијанската унија на канцеларката Ангела Меркел во него го потврдува несогласувањето на партијата околу полноправното членство на Турција во Европската унија. Експертите на ЦДУ потсетуваат дека сите земји-кандидати мора да ги исполнуваат критериумите за членство, како што се слобода на изразување на мислењето, еднаквост на половите, заштита на малцинствата и слобода на вероисповед. „Затоа сметаме дека вистинско решение е овластено партнерство меѓу ЕУ и Турција“, истакнува ЦДУ.

Во иднина да одлучува народот

Deutschland Bayern CSU Horst Seehofer Pressekonferenz in Berlin
„Сакам народот да одлучи“ - ЗеехоферФотографија: AP

Сестринската партија на ЦДУ, пак, баварската Христијанско-социјална унија, во својата изборна програма бара за сите европски прашања да се одлучува плебисцитарно. Премиерот на покраината Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија, Хорст Зехофер, неодамна и јавно побара референдумско изјаснување за членството на Турција во Европската унија. „Ако во иднина треба да се откажеме од дел од суверенитетот, во корист на Европа, ако во иднина сакаме да го прошируваме европското семејство, тогаш сакам да прашаме што мисли народот за тоа. Сакам германскиот народ да се изјасни дали е за или против приемот на Турција во европската заедница. Нека одлучи народот“, побара Зехофер.