Цел век на браникот на работничките права
10 јуни 2019Од денеска (10.06) во Женева се оддржува свечена конференција по повод 100-годишнината од постоењето на Меѓународната организација на трудот. Утре на конференцијата се очекуваат високи државници меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел.
Кога во 1919 на Мировната конференција во Версај, беше основана Меѓународната организација на трудот- ИЛО, таа имаше јасна цел. Новата организација требаше да придонесе во обезбедување на светскиот мир преку осигурување на социјална правда и промовирање на човековите и работничките права. ИЛО има постигнато многу работи во изминативе 100 години постоење, вели Никола Буено, експерт за меѓународно трудово право на Универзитетот во Цирих.
„Во стоте години постоење Меѓународна организација на трудот има подготвено над 18 конвенции на разни теми поврзани со трудот – експлоатација на детски труд, право на организирање во синдикати, минимална плата, нивелација на плати за иста работа и сл. ИЛО постави стандарди за се ова од наведеното, кои се прифатени низ светот, а државите и компаниите мора да ги почитуваат“, нагласува Буено.
Во 1946 Меѓународната организација станат првата посебна организација на ОН. Додека во ООН се советуваат и одуките ги носат само претставници на владите, во ИЛО на маса седат повеќе партнери. Меѓу нив се и претставници на организации на работодавачи и на синдикатите. ИЛО не може да ги примора своите 187 членки да се придржуваат до договорените правила. Па сепак имаат влијание , вели експертот Никола Буено:
„Кога мнозинството држави ратификуваат една конвенција, тоа прави притисок врз други земји да ја ратификуваат и тие. А, тек со таквата ратификација тие се обврзуваат конвенцијата да ја преточат и во националното законодавство и да биде обврзувачка.”
На јубилејната конференција на Меѓународната организација на трудот во Женева, ќе стане јасно дека ниту сто години по формирањето на организацијата не се регулирани сите прашања од нејзиниот делокруг. Напротив. Глобализацијата го менува работниот свет. Се заканува намалување на правата на работниците и влошување на условите за работа. Тука морало да има меѓународни решенија, смета Буено:
„Глобализацијата придонесува за тоа компаниите да бидат пофлексибилни и да произведуваат во различни земји. На тој начин може да направи поголем притисок врз државите. Тие велат: во ред, ако се воведуваат нови стандарди и се применуваат истите, тогаш може да продуцираме и на други места.”
Иако роботите преземаат се повеќе и повеќе задачи, а луѓето губат работни места заради тоа, сепак ова е случај за Меѓународна организација за труд. Предвидено е носење на декларација на столетието за иднината на работата. Минатата година се работеше на договор и на препораки за насилство и малтретирање во работниот свет. Тие сега треба да бидат усвоени. Јасно е само дека меѓународните стандарди се и натаму потребни, особено со оглед на основната мисија на Меѓународната организација за труд која звучи патетично, имено да се обезбеди мирот и социјалната правда.