1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цивилната служба без иднина?

5 ноември 2009

Оној кој не сака да служи воена обврска, во Германија мора во замена да извршува цивилна служба. Владата сега се договори за кратење на воената обврска на шест месеци, што значи намалување и на рокот на цивилната служба.

https://p.dw.com/p/KORP
Младите помагаат во службите за помош на други лицаФотографија: dpa

Габриеле Тивисен е одговорна за младите кои вршат цивилна служба во Црвениот крст во германската покраина Северна Рајна Вестфалија. Таа е категорична: „Ќе почувствуваме лоши последици ако владата остане на ова и ако тоа го преточи во закон.“

Во моментов, во покраинската организација во цивилна служба се ангажирани 850 луѓе. Една четвртина од нив работат во служби за итна помош. Но, ако се случи скратувањето на шест месеци, тогаш тоа веќе нема да го има, објаснува Габриеле Тивисен: „Самата обука овде трае три мсеци, потоа доаѓа воведувањето во работата, значи, како последица - овде веќе нема да можеме да ангажираме никого од цивилната служба.“

Кој ќе ја затвори дупката што ќе се отвори?

Zivildienst in Deutschland
Цивилна служба во Дом за стари лицаФотографија: DW / Julia Carneiro

Улрике Машер, претседател на Социјалното здружение „ВдК“ во Германија, стравува дека кратењето најмногу ќе ги погоди луѓето кои имаат потреба од нега и хендикепираните. „Студентите со хендикеп можат да студираат најчесто ако се во придружба на некого во цивилна служба. Ако секои шест месеци треба да ангажираат нов, ќе биде се‘ потешко.“

Машер смета дека ќе дојде до енормен скок на трошоците, што засегнатите организации, во најлош случај, ќе ги принуди да се откажат од некои понуди.

Организациите мора да се прилагодат, јасно треба да се каже дека тоа ќе ги зголеми трошоците, на тоа ќе треба да се смета и во јавните установи. Останува уште половина година. За Габриеле Тивисен од германскиот Црвен крст цивилна служба со толку скратено време веќе нема смисол: „Јавните установи веќе ни‘ сигнализираа: или ќе следи откажување, или на оние кои вршат цивилна служба на располагање ќе им бидат оставени само едноставни работи, со што кај младите таа ќе ја загуби атрактивноста.“

Германскиот социјален систем во опасност?

Кој би сакал цел ден да расчистува некој склад? И обратно: скапите стручни кадри немаат време за да го вршат она што го прават споредбено евтините млади кои се во цивилна служба: да се дружат со болни и хендикепирани, да му читаат или некого едноставно да го држат за рака. Габриеле Тивисен смета дека сега е доведен во опасност германскиот социјален систем: „Негата ќе биде се‘ поскапа и потешка. Имаме се‘ поголем број болни и стари луѓе за згрижување , а желбата за вработување во областа на негата е се‘ помала. А меѓу оние кои вршеле цивилна служба девет месеци, има многу кои ја откриле атрактивноста на социјалните професии. Тие, потоа, почесто се ангажираат и во хуманиттарни и доброволни служби, а сега тоа ќе отпадне.“

Zivildienstleistende in Frankfurt/Main
Цивилна служба во ФранкфуртФотографија: dpa

Во Германија, од 1955 година важи обврската на младите момчиња да служат воена обврска. Ако некој поради убедување не сака тоа да го прави со оружје, мора да одработи во цивилна служба. На почетокот воениот рок траеше 18, а цивилната служба 20 месеци. Со години таа се изедначи. А бидејќи, во меѓувреме, Бундесверот привлекува се‘ помалку млади луѓе, обврската е скратена на девет месеци. Натамошното намалување на обврската на шест месеци, пред се‘ за оние кои служат со оружје, треба да придонесе за поголема праведност, бидејќи тогаш повторно ќе можат да бидат опфатени поголем број млади.

Автор: Сандра Петерсман / Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска