1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Циничната логика на Талибанците

Флоријан Вајганд Превод: СН17 декември 2014

Бруталниот напад во Пешавар, со повеќе од 100 загинати деца, покажува дека и конзервативно-исламските земји како Пакистан не можат да го избегнат теророт на милитантните исламисти, смета Флоријан Вајганд.

https://p.dw.com/p/1E601
Фотографија: Reuters/Z. Bensemra

Дури и оној кој постојано известува за кризните региони, мора да пребледи пред размерите на ова бесмислено насилство. А такму тоа е дел од циничната калкулација на атентаторите: со напад врз училиште и произволното убивање на деца талибанците привлекоа најголемо можно внимание во целиот свет. Истотака и изборот на военото училиште како цел е дел од добро осмислениот борбен план. Талибанците, имено со тоа стрелаат директно во центарот на пакистанското општество.

Училиште за деца од високата и средната класа

Зашто, поинаку отколку што може да се претпостави, воените училишта во Пакистан не се установи за кадети. Покрај децата на високи припадници на војската, овие ичилишта ги посетуваат и деца на богатата висока класа и добростоечката средба класа. Синови и ќерки на лекари, професори, претприемачи или културни работници се запишани таму, едноставно затоа што воените училишта се вбројуваат меѓу најдобрите училишта во земјата.

Со нападот талибанците спроводуваат брутална одмазда како против војската, така и против носителите на одлуки во политиката и во општеството. Имено веќе со месеци пакистанските борбени сили водат војна во племенските региони. Генералите постојано јавуваат за успеси, но конечно тие не можеа да ги победат терористите. Истовремено десетици илјади цивили, главно припадници на етничката група Пашту, на која ѝ припаѓаат и талибанците, се најдоа меѓу фронтовите и во долги бегалски каравани ги напуштаат завојуваните области. Според свирепата логика на талибанците сето ова изискува реванш и одмазда.

Deutsche Welle REGIONEN Asien Paschtu Dari Florian Weigand
Флоријан Вајганд, автор на коментаротФотографија: DW/P. Henriksen

Исламабад од поддржувач стана противник

А воените операции предизвикаа уште нешто. Некогаш имаше групи, кои својот поглед го вртеа повеќе кон Авганистан во нивната војна против меѓународните трупи и владата во Кабул, додека во најмала рака беа толерирани од Исламабад. Притиснати од пакистанската армија и под закана за нивната егзистенција, тие сега се обединуваат со други групи и во борба против пакистанската влада.

Сприралата на насилство и противнасилство и натаму се врти. Едноставни решенија, за да се излезе од ѓаволскиот круг, нема. И Пакистан сега мора да ја научи истата горчлива лекција, како и меѓународните трупи во соседен Авганистан: Кој и да се забарикадира во недостапниот и див Хиндукуш и не се колеба да извршува терористички акти, речиси е невозможно да се победи. Сѐ додека не се прави ништо за економската перспектива со шанса за благосостојба за семејствата на најголемиот дел од луѓето во племенските региони, сѐ дотоогаш талибанците со нивните апокалиптични ветувања за сладок живот во рајот постојано ќе наоѓаат нови регрути. Исламистичкиот тероризам е голем, глобален предизвик на 21. век. Дури и толку децидно конзервативни-исламски земји како Пакистан неможат да го избегнат тоа.