Ципрас: Крај на грчката „Одисеја“
21 август 2018Реклама
Алудирајќи во повеќе наврати на грчката митологија, Ципрас од Итака ја опиша кризата како „модерна Одисеја“. „Нашата земја си го врати правото да го дефинира својот правец“, порача грчкиот премиер, во говорот кој беше пренесуван на телевизија, од Итака, островот во Јонското Море од каде потекнувал и античкиот херој Одисеј.
Од финансискиот крах во 2010 година до денес, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд ја спасуваа Грција од банкрот со кредити во вредност од 289 милијарди евра.
Повеќе за историјатот на кризата погледнете во нашата фотогалерија: