Црна Гора: Изгласана недоверба за владата на Кривокапиќ
5 февруари 2022Црногорската влада не го преживеа гласањето доверба во парламентот - 43 од 81 пратеници не му дадоа доверба на тимот на премиерот Здравко Кривокапиќ. Единаесет пратеници беа против, а останатиот дел од пратениците беше воздржан.
Гласањето за доверба во парламентот дојде по повеќемесечни политички тензии во земјата. Владата на Кривокапиќзапочна со големи ветувања за реформи. На изборите во август 2020 година таа првпат по три децении ја истисна Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ на втора позиција. Меѓутоа, реформската жар згасна релативно брзо. И покрај најавата на Кривокапиќ дека Црна Гора „ќе стане 28. земја членка на ЕУ“, големи реформи не беа спроведени. Владеачката коалиција, чиј дел беа и просрпски и проруски сили, беше растргната од внатрешни несогласувања.
До гласање за доверба дојде откако најмалиот коалициски партнер Обединета реформска акција (УРА) ја напушти коалицијата. Шефот на УРА, Дритан Абазовиќ, стреми кон составување малцинска влада, која ќе биде толерирана од ДПС. Со тоа Црна Гора влегува во неизвесна политичка иднина.
Црна Гора, која одамна има проблем со корупцијата и организираниот криминал, е многу задолжена. Таа доби големи кредити во изминатите години, пред сѐ од кинески компании кои учествуваат во големи инфраструктурни проекти во земјата.