1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦСУ ја враќа во игра атомската енергија

4 јануари 2006

Спорот поради гасот меѓу Русија и Украина во Германија ја поттикна наново дебатата околу користењето на атомската енергија.И покрај јасното одбивање од страна на коалициониот партнер СПД,ЦСУ опстојува на нејзиното подолготрајно користење.

https://p.dw.com/p/AcZN
Атомска централа во Ханау
Атомска централа во ХанауФотографија: AP

Намалувањето на количините на гас од Русија беа доволни во Германија повторно да пламне критиката на откажувањето од атомската енергија.За тоа се погрижија од ЦСУ,кои инсистираат на неа.Најпрво министерот за стопанство Михаел Глос во понеделникот го постави прашањето дали со оглед на руско украинскиот спор не е пребрзано некои од безбедните нуклеарки во Германија да бидат изземени од мрежата или приоритет треба да има сигурното снабдување со енергија.Глос вчера доби поддршка од неговиот партиски претседател Едмунд Штојбер:

-Човек овде треба да размилува на реален начин.Токму поради сигурноста во снабдувањето мораме да се потпреме на нашите сопствени сили.

Штојбер сака да го стави на дебата во коалицијата на почетокот на следната недела веќе договорениот заклучок од времето на црвено зелената влада за откажување од атомска енергија.Во коалициониот договор меѓу Унијата и СПД поради различните ставови остана на веќе договореното.Во 2001 година владата и стопанството се договорија за затворање на сите 19 германски атомски централи во рок од 32 години.Две веќе се стопирани,последната треба да престане со работа во 2021 година.

Социјалдемократските политичари го отфрлија предлогот од Баварија.Генералниот секретар Хубертус Хајл се повика притоа на калициониот договор.