1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦСУ ќе се залага 2004 да биде година на реформи

7 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AdLa
Големите германски партии деновиве интензивно ги одржуваат нивните таканаречени зимски средби, вообичаени за периодот по божикните и новогодишните празници. Така Христијанско социјалната унија притиска врз рефроми. Тоа е основниот заклучок од нејзината средба во Кројт. Шефот на партијата Едмунд Штојбер денеска на договорниот состанок на покраинската група најави дека оваа мора да биде година на реформи: "ЦСУ овде во Кројт има намера да ги постави правците за годината на реформи 2004".

Прва тема е радикално намалување на даночниот систем. До март сигурно ќе се постигне согласност со поголемиот партнер ЦДУ. За Штојбер спорот со сестринската партија не е никаков проблем. Тој денеска првпат прецизираше дека концептот на неговата партија предвидува даночни стапки од 13 до 39 насто што ќе значи вкупно растоварување на граѓаните за 15 милијарди евра. Како противтежа партијата ќе предложи 13 начини за скусувања на некои повластици. Во својот концепт ЦСУ предвидува растоварување на малите и средните фирми. Инаку, денеска многу се шпекулираше околу прашањето за тоа кој ќе биде следниот германски сојузен претседател. Како гостин во Кројт присуствуваше Волфганг Шојбле, кандидатот што го посакуваат социјал-христијаните. Но, тој не сакаше да се изјасни за ова прашање. Ние не сакаме да трошиме време со такви шпекулации, изјави тој:

"Не сум дојден за тоа, туку за европската политика. Во оваа дебата не учествувам, зашто што и да кажам секој разумен човек ќе го прифати како такво". Шефот на партијата Штојбер веќе соопшти дека го преферира Шојбле, но дека мора да се земе предвид и ставот на либералите:

"Би било вообичаено според узансите на мнозинството, кандидатот да биде од Унијата. Но, да се каже тоа како апсолут, секако ќе ги отежне разговорите со либералната партија". Затоа пак дојде јасен сигнал на тема елитни универзитети. Штојбер го отфрла предлогот на сојузната влада како избрзан. Потребно е според него да се поврзат постојните елитни високообразовни институции.