1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чернобил го засили отпорот против нуклеарките во Германија

26 април 2006

Катастрофата на реакторот во Чернобил во 1986 година и во Германија имаше бројни последици.По првите панични реакции,тоа доведе до засилување пред се на еколошките групации и на формирање сојузно министерство за заштита на природната средина.Освен тоа за првпат порасна скепсата и отпорот против атомската енергија кај широк дел од населението.

https://p.dw.com/p/AdXO
Катастрофа со широки последици
Катастрофа со широки последициФотографија: picture-alliance/dpa

Целата драматика на веста што во април 1986 година стигна од Чернобил на запад,на Германците им стана јасна дури со задоцнување,но потоа во полно дејство:се случи незамисливото,дури и за еколошките здруженија,кои со години укажуваа на ризиците на атомската енергија.Отпорот против нуклеарната енергија придонесе за пораст на членството на партијата на Зелените,која во 1983 година за првпат влезе во Бундестагот.Многумина Германци долго беа скептични,но со Чернибил тоа се прошири,а помалку или повеќе,остана така до денес.Јерн Елерс,портпарол на еколошкото здружение Ворл Вајд Фанд фор Натур,сумира:

-Мислам дека несреќата во Чернобил за Германија значеше удар во тилот во врска со користењето нуклеарна енергија.Во 70-те години имаше планови за изградба на повеќе од сто реактори,со тоа земјата би била посеана со нив.Но,по случајот со Чернобил на постојните двасет нуклеарки им се придружи само уште една,колку што знам.А последниве години доживуваме полека откажување од атомската енергија,а импулсот беше даде според мене уште тогаш.

Во 1986 годинакатастрофата најпрво доведе до панични реакции,особено тогаш кога атомскиот облак стигна до Германија.Властите беа опсипани со повици од загрижени граѓани.Земјоделците,чии салати ретко некој сакаше да ги јаде,веднаш добија помош од владата.Сојузниот канцелар Хелмут Кол ја изненади јавноста:уште во јуни владата за првпат формира министерство за екологија,на чело со Валтер Валман од Христијанско демократската унија.Дотогаш за проблематиката беше надлежно Министереството за внатрешни работи.Но,Унијата и Либералите цврсто останаа на користење на атомската енергија.Луц Мец,научник од универзитетот во Берлин се сеќава:

-Социјалдемократите се изјаснија за откажување од нуклеарната енергија на својот партиски конгрес во рок од десет години.И Сојузот на синдикатите брзо го смени правецот.Такви гласови имаше и во Унијата,но владата остана на свое.

Разговорите меѓу владата и синдикатите околу иднината на нуклеарките во следните гоидни водеа кон демонстрацииво малиот град Горлебен во покраината Долна Саксонија.Таму владата вршеше пробни работи за можен склад на атомски отпад.Во 1998 година на власт дојдоа Социјалдемократите и Зелените.Во 2001 година владиниот кабинет и енергетското стопанство склучија договор кој важи до денес:до 2020 година сите дваесетина германски нуклеарки треба да бидат исклучени од погон.Германија сега има влада составена од Унијата и Социјалдемократите,а атомските погони се надеваат на ренесанса:тие не произведуваат штетни гасови и можат да помогнат во спречување на промената на климата.Но,во секој случај е веројатно продлжување на векот на постојните нуклеарки.Изградба на нова 20 години по Чернобил не е во план.