1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чернобил: Катастрофа што се` уште живее

26 април 2011

Точно во 1 часот и 23 минути по полноќ, моментот кога дојде до кобната експлозија во Чернобил, камбаните во Киев почнаа да отчукуваат 25 пати, по еднаш за секоја година од катастрофата во нуклеарната централа.

https://p.dw.com/p/1142F
Фотографија: AP

Голем број Украинци утрово присуствуваа на богослужбата во Киев, во близина на споменикот во чест на жртвите од несреќата.

Манифестација во сеќавање на катастрофата денеска се одржа и во Чернобил. Таму, меѓу другите, присуствуваше и рускиот претседател Дмитри Медведев, кој заедно со украинскиот колега Виктор Јанукович, положи цвеќе пред нуклеарката и учествуваше на богослужбата. По повод 25-годишнината од катастрофата во Чернобил, Медведев преку порака на својата официјална интернет-страница, побара обврзувачки меѓународни безбедносни стандарди за атомските централи. Тој нагласува дека Русија ќе ја отвори таа тема на следниот самит на осумте најважни индустриски земји (Г8), што на 26 и 27 мај ќе се одржи во Довил, Франција.

Gedenken 2011 Katastrophe von Tschernobyl Flash-Galerie
Голем број Украинци им оддадоа почит на жртвитеФотографија: AP

Јанукович: Украина не може сама да се справи со последиците

Украинскиот претседател Виктор Јанукович, пак, уште еднаш повика на повеќе донации за довршување на изградбата на новиот саркофаг околу хаварисаниот реактор, кој би требало да го минимизира зрачењето. И по меѓународната донаторска конференција, одржана на почетокот на месецот, на Украина се` уште и‘ недостасуваат околу двесте милиони евра за завршување на проектот. „Ниту една држава не е во состојба сама да се справи со катастрофа од олкави размери“, истакна Јанукович.

Експлозијата на четвртиот реактор во Чернобил, на 26. април 1986 година, предизвика радиоактивно зрачење врз големи делови од Европа, а стотици илјади жители мораа да ги напуштат своите домови. Нивото на радијација, предизвикано од несреќата во Чернобил, беше четиристотини пати повисоко, отколку од атомската бомба во јапонскиот град Хирошима.

Автор: ТТ/ ЕМФ/ дапд/ афп

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема