Вчеравечер во Градски парк група граѓани одржа протест против загадувањето и побара чист воздух. Од градските власти се бара преземање итни мерки за намалување на високото загадување во Скопје.
Граѓаните порачаа дека во моментот Скопје има најголемо аерозагадување од канцерогени ПМ2.5 честички во Европа и дури четворица Македонци умираат во просек дневно заради загаден воздух. Повеќе во видеото.