Шефот на либералите Филип Реслер навести оставка
22 септември 2013По катастрофалниот исход на партијата на либералите на денешните избори, шефот на партијата Филип Реслер навести оставка.
„Поради ова ja преземам политичката одговорност“, изјави Реслер, подвлекуваќи дека лошиот исход на изборите е „најгорчлив и најтажен миг во историјата на Партијата на слободните демократи“.
Филип Реслер го презеде лидерството на либералите во тешки времиња на партијата, во 2011 година. И покрај успехот на либералите во покраинскиот парламент на Долна Саксонија, на Реслер не му успеа да ја консолидира партијата и да ја добие довербата на избирачите.
Според првичните прогнози од исходот на парламентарните избори, либералите не ги освоија потребните 5 проценти и најверојатно нема да бидат застапени во новиот состав на германскиот Бундестаг.