1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски сигнали за Јапонија

Мартин Фриц
28 април 2022

За време на неговата прва посета на Азија, германскиот канцелар Олаф Шолц има намера да ги подигне односите со стратешкиот партнер Јапонија на ново ниво.

https://p.dw.com/p/4AXNc
Deutschland Japan Nationalflaggen
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска (28-ми април) и утре престојува во Јапонија. Тоа е првата азиска земја која Шолц ја посетува по стапувањето на функцијата, а целта е да укаже на сѐ поголемото значење на Јапонија за Германија.

Причината за посетата на Шолц на Далечниот Исток е и тоа што наскоро ќе се одржи самитот на Г7, а вообичаено е домаќинот, а тоа годинава е Германија, најнапред да ги посети останатите учесници.

За време на посетата на Токио, која ќе трае само дваесетина часови, канцеларот се сретнува со јапонскиот премиер Фумио Кишида, со кого ќе разговара за санкциите против Русија, зависноста од рускиот гас, снабдувањето со суровини и геополитиката.

Шолц ќе зборува и на конференција на Германската стопанска комора. На крајот од посетата, на Шолц ќе му биде прикажан синџирот на снабдување со водород во Кавасаки. Јапонија се смета за светски шампион во развојот на оваа технологија.

Посетата на Шолц на Јапонија служи и како подготовка за претстојниот Самит на Г7 во Германија
Посетата на Шолц на Јапонија служи и како подготовка за претстојниот Самит на Г7 во ГерманијаФотографија: Lisi Niesner/REUTERS

Заеднички вредности

Врз засилената соработка меѓу Германија и Јапонија влијаат геополитичките околности, особено конфликтот меѓу демократските и автократските земји и лидери. Двете земји се обидуваат да ги остварат своите економски интереси во трговскиот конфликт меѓу Кина и САД, без да се оддалечат премногу од Вашингтон.

За разлика од Шолц, Ангела Меркел при патувањата во Азија ѝ даваше предност на Кина. Но, пандемијата и војната во Украина придонесоа за сѐ поголема изолација на Кина од остатокот од светот, но ги зближија Германија и Јапонија.

За време на пандемијата, министрите за надворешни работи и министрите за одбрана на двете земји организираа серија видео-конференции, но Германија сега би сакала да ги зајакне односите со Јапонија на ниво на владите на двете земји. Германија негува такви односи и со Израел, Индија и Кина.

„Во изминатите две години, Јапонија стануваше сè поважен германски партнер во Азија, особено во однос на вредностите и интересите“, објаснува професорот Патрик Келнер, директор на Институтот за азиски студии ГИГА во Хамбург. „Дури иако двете земји не се согласуваат за сè, како на пример за прашањето на заштитата на климата, постои добра основа за соработка“, вели Келнер. 

Јапонскиот премиер Фунио Кишида
Јапонскиот премиер Фумио КишидаФотографија: Kyodo via REUTERS

Чувствата се взаемни, па така и за Јапонија, Германија е еден од ретките доверливи партнери во светот, вели Норихиде Мијоши, поранешен дописник од Германија на најголемиот јапонски дневен весник Јомиури Шимбун. „Соработката со Германија е особено важна кога се во прашање односите со Русија и Кина“, објаснува новинарот.

Оваа посета е добра можност да се запознае личноста Олаф Шолц, бидејќи имиџот на Германија во Јапонија и натаму е под силно влијание на долгогодишната канцеларка Ангела Меркел, која беше ценета како способна и влијателна политичарка.

Индо-пацифичка политика

Уште од 2019 година, Германија се обидува да оствари поголемо присуство во индо-пацифичкиот регион.  Ангела Меркел тогаш првпат најави нови насоки во германската политика. Германскиот воен брод Баварија кон крајот на минатата година ја заврши шестмесечната пловидба во регионот, а за време на таа пловидба повеќепати се закотвуваше и во Јапонија.

Шест германски авиони „Јурофајтер“ кон крајот на оваа година ќе учествуваат на меѓународната воена вежба „Пич блек“ во Австралија. Главниот командант на германските воздухопловни сили Инго Герхарц и неговиот јапонски колега генералот Шунџи Изуцу се договорија три од овие шест авиони по маневрите да одлетаат во кратка посета на Јапонија .