Шпанија: Рекорден број новозаразени и починати
24 март 2020Бројот на луѓе кои починале од белодробно заболување предизвикано од коронавирус во Шпанија се зголеми за 514 за еден ден. Министерството за здравство денеска соопшти дека 2696 лица досега починале од болест Ковид-19. Бројот на новозаразени пак за пораснал за речиси 6.600 на вкупно 39.673.
Епидемиолозите, за жал, предвидуваат дека најтешките денови за земјата допрва претстојат. Шпанија по Италија е досега најсилно погодена европска земја од вирусот.
Инаку коронавирусот тешко ги погодува и лекарите и медицинските сестри во болниците.
Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место
Во меѓувреме, 5400 здравствени работници во земјата се инфицирани од Сарс-Ков-2, соопшти началникот на кризниот штаб за борба против пандемијата, Фернандо Симон. Нивниот удел во вкупните инфекции се зголеми за два процента и сега изнесува 14 насто.
Медиумите во Шпанија јавуваат дека владата во Мадрид покренала истрага за извештаите дека шпанските војници кои помагаат во борбата против пандемијата во старечките домови пронаоѓале заболени од Ковид-19 кои биле напуштени или починати.