1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Steinmeier Moskau

10 јуни 2009

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер е во Москва на разговори со рускиот колега, Сергеј Лавров и претседателот Медведев. Централни теми - средбата на Г8 и ОБСЕ и руско-германското партнерство.

https://p.dw.com/p/I6f2
Франк Валтер ШтајнмајерФотографија: picture-alliance/ dpa

Франк-Валтер Штајнмаер не се лути кога го нарекуваат „човек што ја разбира Русија“, зашто за него тоа не е навреда. Неговата девиза гласи - да се разговара еден со друг е од помош. Русија за германскиот министер за надворешни работи е клучна тула во дел од надворешнополитичките градилишта.

„Многу од меѓународните кризи, од Блискиот исток до Авганистан, решението на атомскиот конфликт со Иран, нема да можат да се решат без Русија или на начин на кој Русија му се противи.“

Затоа, денеска, повторно куса посета на рускиот главен град. Таму Штајнмајер има средби со ресорниот колега Лавров, со рускиот претседател Медведев и премиерот Путин.

Посетите на Русија не се рутински

Теми за разговор има доволно, вели портпаролот на Штајнмајер, Андреас Пешке:

„Посетите на Русија никогаш не се рутински, особено не сега. Претстои повторно заживување на Советот НАТО-Русија на ниво на министри за надворешни работи, а во рамките на ОБСЕ треба да се дискутира за руските предлози за заедничка европска безбедносна архитектура.“

Russland Deutschland Frank-Walter Steinmeier in Moskau
Штајнмајер ќе ја отвори и темата човекови праваФотографија: AP

Освен тоа, треба да стане збор и за темата која е постојано актуелна, т.н. германско-руско партнерство за модернизација. Додека делови на германската политика гледаат со скепса кон Москва, Штајнмајер се залага за билатерална соработка во сферите на здравството, енергијата, сообраќајната инфраструктура. Штајнмајер, како правник и политичар кој полага големи надежи во државната управа, наведува уште две клучни сфери:

„Модерна управа и поголема правна сигурност. Мислам дека и во Русија одговорните знаат дека без тоа не се може.“

Човековите права-незаобиколна тема

Има уште една тема, која секој германски министер за надворешни работи не може да ја заобиколи во текот на посетата на Москва - човекови права и правна држава. Затоа, тој вечерва треба да ја посети редакцијата на независниот дневен весник „Новаја Газета“, весник во кој работеше и убиената новинарка Ана Политковскаја. Портпаролот на Штајнмајер нагласува дека не станува збор за рутинска посета:

„Разговорот со тамошниот главен уредник е важен за да се добие впечаток за тоа како изгледа цивилното општество во Русија во моментов и што може да се стори со заеднички сили за да се зајакне работата на цивилното општество во Русија.“



Автор: Георг Шварте/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска