1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер во нова мисија на Блискиот исток

8 август 2006

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер денеска по вторпат од избувнувањето на либанската криза ќе се најде на Блискиот исток.

https://p.dw.com/p/AdUy
Неопходен е итен мир на Блискиот исток
Неопходен е итен мир на Блискиот истокФотографија: AP

Во фокусот на разговорите ќе се најдат дипломатските напори за завршувањето на борбите и на кирзата во целост. Пред заминувањето од Берлин на пат кон Бејрут, првата станица на неговата нова турнеја, Штајнамјер изјави:

„Со резолуцијата на Советот за безбедност што ќе биде ставена на гласање во текот на оваа недела, постои вистинска шанса за итно неопходното примирје на Блискиот исток. Претпоставка за тоа е обете страни, како Израел, така и Либан, да се согласат и со поставувањето меѓународна мировна мисија во пограничното подрачје во јужен Либан. Како што е познато, во последниве денови жестоко се дебатираше за текстот на таа резолуција. Се чини дека е постигната согласност меѓу членовите на Советот за безбедност и затоа е потребно да се обезбеди неопходното прифаќање во регионот. Тоа е смислата на мојата нова турнеја на Блискиот исток„ изјави Штајнмајер. Тој денеска ќе има средба со либанскиот премиер Фуад Синиора, а утре ќе се сретне и со израелското раководство. Во меѓувреме во Њујорк се одвиваат забрзани консултации меѓу дипломатите во светската организација. Иако ставовите се различни, на крајот ќе мора да се постигне заедничко решение. Вечер ќе се одвива нова рунда преговори околу резолуцијата за Либан. На седницата на Советот за безбедност ќе се појави и делегација на Арапската лига со ставовите усвоени на состанокот на лигата вчера во Бејрут.