Штајнмајер – вооружување
17 март 2007Реклама
Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер во спорот околу распоредувањето американски анти ракетни системи во Европа предупреди од раздор во европските редови и ги повика САД на соработка на безбедносно политички план. Опасноста од нова спирала на вооружување на стариот континент мора итно да биде отстранета, посочува Штајнмајер во прилог за утрешното издание на угледниот Франкфуртер алгемајне. Тој исто така ги повикува владите во Москва и Вашингтон да не се враќаат во старите начини на размислување од времето на “студената војна“.