1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер: ЕУ мора да му подаде рака на Балкан

ЖА
15 јули 2017

Претседателите на Германија и на Австрија, Франк-Валтер Штајнмајер и Александер Ван дер Белен, на средбата во Виена побараа ЕУ да им посвети поголемо внимание на државите од Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/2gauK
Österreich Wien Bundespräsident Steinmeier und van der Bellen
Фотографија: Reuters/L. Foeger

ЕУ би направила паметен потег, ако цврсто им подаде рака на шесте земји од Балкан“, изјави германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на првата средба со својот австриски колега по функција, Александер Ван дер Белен во Виена. Односите меѓу државите-наследнички на поранешна Југославија остануваат проблематични, истакна Штајнмајер. Нему му е од неодамна уште појасно дека „стабилноста на Западен Балкан ќе биде обезбедна само тогаш кога ќе остане реална европската перспектива“. И австрискиот претседател се залага за поголемо „внимание“ на ЕУ кон Македонија, Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и Косово, со оглед што во регионот и натаму постојат етнички конфликти. Освен тоа, Русија, се труди да го зголеми своето влијание во регионот. Приемот на секоја од шесте земји одделно, ЕУ пак го поврза во неколкустепен процес.

При својата посета на Австрија, чија влада води антимиграциски курс, Штајнмајер ги критикуваше поедноставените формули и национални решенија во врска со бегалската проблематика.

„Оној кој ја изостава Европа во наоѓањето неопходни одговори, е многу кратковид“, рече Штајнмајер.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц е еден од главните заговорници во земјата за затворање на Медитеранската рута.

Намерата за воведување промени во Средоземноморската рута, која бегалците моментно најчесто ја користат, е само парцијално, а не може да биде сѐопфатно решение. „На бегалците кои доаѓаат преку Медитеранот мораме да им создадеме причини да останат во своите татковини,“, рече германскиот претседател.

Во врска со шпекулациите за затворање на превојот Бренер меѓу Австрија и Италија, австрискиот претседател потенцираше дека најновите чекори на виенската влада во таа насока се „теоретски мерки на подготовка за екстремен случај, кој не е воопшто на повидок“.