Штајнмајер му вети натамошна поддршка на Авганистан
22 август 2006Реклама
Домаќинот Карзаи изрази сериозна загриженост за развојот на ситуацијата и побара натамошна поддршка на германската влада. На тоа гостинот од Берлин возврати:
„Мислам дека авганистанскиот народ заслужил да не попуштиме во нашите настојувања да ги надминеме и овие проблеми. Кон тоа се насочени настојувањата на меѓународната заедница. Ние на Сверот од земјата, други на југот, во секој слуачј наша задача е сегашната несигурна ситуација да ја направиме побезбедна.„
Според Штајнмајер тоа е од голема важност не само за Авганистан, туку и за стабилизирањето на целиот регион.