Штајнмајер на Блискиот исток
24 јули 2006Израелскиот министер за одбрана Амир Перец на Штајнмајер му изнесе уште една верзија: би биле поздравени сили за стабилизација предводедни од НАТО. Непосредно потоа Белата куќа во Вашингтон соопшти дека американски војници не би учествувале во тоа, конечно САД се најголемиот партнер во алијансата. Штајнамјер воздржан:
„Во дискусиите се уште не сме стигнати до таму за да можеме точно да ја опишеме задачата на таквото безбедносно присуство.Тоа би можело да биде засилување на либанската армија, преземање на граничната конторла, или други задачи. Најнапред мораме да подготвиме каталог задачи за потоа да можеме да започнеме со реализација. Се надевам дека во наредните денови ќе стигнеме до таму и оти патот до мир ќе биде отворен„.
Израелските медиуми синоќа јавија дека Израел би можел да прифати сили предводени од Европската унија што би ги контролирале граничните премини меѓу Либија и Сирија. Инаку, за Израел, како што го информира израелскиот министер за одбрана Перез германскиот министер Штајнмајер, решавачко за запирањето на борбите е ослободувањето на израелските војници. По разговорите во Ерусалим, Штајнамјер изјави дека Египет ги координира напорите војникот Гилад Шалит грабнат од страна на Хамас да биде ослободен. Штајнамјер е оптимист:
„Мислам дека многу бргу ќе дојдеме до решение. Убеден сум дека колку побргу ќе дојде до одделно решение на конфликтот во појасот Газа, ќе можеме да побараме решение и за смирување на ситуацијата на север од Израел, на границата кон Либан и за завршување на борбите„.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас кој се сретна со Штајнмајер во Рамала, изјави дека ослободувањето на палестинските и либанските затвореници е решавачко за мирот во Газа и во Либан. Штајнмајер од своја страна изјави дека грабнувањето на војниците го испровоцира Израел. Никако не смее екстремистички групи да ја диктираат политичката агенда на Блискиот исток, истакна германскиот министер.