Штајнмајер на Блискиот Исток
15 февруари 2006Посетата на Рамала на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ ја коментира
„На Блискиот Исток тој допатува во време кога политичките односи во регионот драстично се сменија поради тешката болест на израелскиот премиер Шарон и изборната победа на палестинските исламисти. Освен ова во палестинските области е зголемена напнатоста поради карикатурите на Мухамед, како ретко кога до сега. Штајнмајер покрај сето ова на средбата со палестинскиот премиер Абас испрати јасна порака: Хамас мора генерално да се откаже од самоубиствените напади и насилство, доколку по формрање на владата сака да биде прифатена како партнер. Колку ќе може да се постигне со финансискиот притисок, тешко е да се каже.“ пишува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“
За „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, Штајнмаер на неговата прва Блиско Источна турнеја го направи вистинското со тоа што ја повтори заканата на ЕУ и САД
„Или радикално – исламсистичкиот Хамас ќе се откаже од насилството и целта за уништување на Израел, или ќе биде запрен изворот на пари. Но позади овие силни зборови се крие голема беспомошност за тоа како може да се разреши катастрофалната ситуација. Да се изолиура или да се толерира? Европејците и САД се наоѓаат пред една повеќеслојна дилема. По долги години проповедање демократија од западот конечно Палестинците можеа да гласаат. Но наместо да бидат наградени, народот треба да биде казнет за тоа што излезе на избори. Контрадикатрност која ја става под знак прашање веродостојноста на западот и исламскиот сцет.“ се вели во „Ноје Оснабрикер Цајтунг“
Според „Франкфуртер Рундшау“ сега за сега никој не знае точно, како во иднина ќе се развива ситуацијата со автономната влада.
„Колку и да се исправни категоричните барања Хамас да се откаже од насилство и да го признае Израел, сепак не може да се сокрие општата беспомошност во однос на блиско - источниот процес на демократизација. Во оваа состојба, која ја карактеризира несигурност Штајнмајер можеше само да ги изнесе останатите опции. Ништо повеќе. Кој сака да го заузда Хамас мора да работи со коцка шеќер и камшик. Се мисли: за да се засилат умерените сили, мора барем да им се понудат перспективи.“ предвидува „Франкфуртер Рундшау“
„Дрезднер Нојсте Нахрихтен“ смета дека бојкотирањето на Хамас е апсурдно
„Онака како што за Иран мораа да се отворат простор за игра на сите страни, вклучувајќи ги и сериозните закани со санкции, истото важи и спрема Израел и Хамас, дека целосно негирање сосема сигурно ќе предизвика ново насилство. Тука има многу простор за конструктивна германска политика, која бара да се најде некој кој тоа ќе го спроведе.“ пишува „Дрезднер Нојсте Нахрихтен“