1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што остана уште од 1968?

29 јануари 2008

Германија кон средината на 60-сеттите години: војната конечно беше минато и скоро заборавена, градовите сјаеја во нова светлина, економијата доживуваше бум.

https://p.dw.com/p/Cym7
Денешните генерации за 68-та дознаваат од книги сеќавања

Но, тогаш се појавија синовите и ќерките и не сакаа да бидат замолчени од потрошувачката и капитализмот. Во Германија се побунија 68-машите, пред се против забошотувањето на национал-социјалистичкото минато.

„Времињата се менуваат“

Пееше Боб Дилен кон средината на 60-сееттите и погодуваше во нервот на цела генерација – секако и во Германија. Во целата земја младите излегуваа на улиците, протестираа против западно-германското повоено општество, против војната во Виетнам, но и против сопствените родители кои веќе не сакаа да слушнат ништо за темното нацистичко минато.

„Кога видов како по улиците во Берлин се движеа големи маси демонстранти и ги кршеа прозорците на Американската куќа, мислев.... денес би рекле ’супер’, но тогаш не велевме така. Имав во себе доволно сопствен потенцијал на агресивност и ми се чинеше, чудно, возбудливо, напнато и одлично„. Сибиле Тениес тогаш имаше 23 години, штотуку го заврши правниот факултет. Денес е професор по право и социолог и се смета себе си за стара 68-машка. Тогаш, вели, била фасцинирана од Марксизмот, бунтовништвото и хипи животот.

Протести против скаменетите структури во општеството

Rudi Dutschke
Руди ДучкеФотографија: AP

Денес седи со чај и колач во вкусно уредената куќа во Потсдам и размислува за тие времиња кога конечно низ републиката се појави свеж ветер. Се сеќава на седенките, хепенинзите и виетнамските демонстрации и на харизматичниот лидер на студентите Руди Дучке кој протестираше против скаменетите структури на универзитетите: „Преполните амфитеатри, неспособноста на професорите да ја примат состојбата во науката. Всушност, преку нашите професори, кои на извесен начин се универзитетски менаџери кои веќе ништо не сфаќаат, имаме дополнување на големите фирми.“

Бунт против авторитетите

„Јас почнав да студирам во 1963 година. Ние студентите седевме се уште блиски, млади мажи кои тогаш беа во мнозинство, доаѓаа раскопчани, многумина во темно-сини блејзери со златни копчиња. И се обраќавме со ’господине тој и тој’ или ’госпоѓице таа и таа’. Беше се’ посмрдливо.“

68-осмашите сакаа конечно да го излуфтираат илјада годишниот мов под мантиите. Не сакаа да прифатат старите нацисти едноставно да ги продолжат своите кариери во Сојузната република. Се побунија против сите авторитети: во училиштата и универзитетите, во политиката, во семејствата.

Генерацијата остави белег во историјата

Нивниот протест го искажуваа и надворешно – пуштаа да им расте косата: „Меѓутоа, и целото однесување, движењето, гестовите. Веќе не личев како кукла како што беше потребно да се изгледа. Ако се погледаат филмовите од 50-десттите години, ќе се види дека девојките стоеја стегнати и умилни на нивните високи потпетици и трепкаа со очите. Тоа беше целиот хабитус – веќе да не се стои здрвено и понизно!“

Oster-Demonstration 1968 : Joschka Fischer bezieht Prügel
Велигденски протести во 1968Фотографија: dpa

Што остана од 68-осмашите? Во секој случај е јасен белег во историјата на Сојузната република, вели Сибиле Тениес, денес. Оптшеството стана поинкаво, поотворено.

Нејзината генерација меѓутоа, имаше и добри услови за бунтот:

„Мора да се каже дека имавма фантастична ситуација на пазарот за работа. Во нормален случај имавме одлични професионални изгледи и не моравме од ништо да страхуваме, за разлика од денешните студенти.“

Сепак, Сибиле Тениес посакува малку поголем протест од страна на денешните млади. Вели, малку посвеж ветер секогаш е добар.