Што ќе биде во случај на „грексит“?
15 јуни 2015Грција без евро, монетарната унија без Грција- последиците би биле далекусежни.
Прво за самите Грци:
Враќањето кон драхмата би било врзано со масивно обезвреднување. Експертите сметаат дека новата драхма веднаш ќе девалвира 30 до 40% во однос на еврото. Затоа, уште повеќе луѓе ќе се обидат да ги спасат скапоцените евра на своите сметки, иако евтина драхма ќе им користи на грчките стоки и ќе го олесни извозот на претпријатијата. Но, истовремено, важните увозни стоки ќе станат многу поскапи, можеби опасно поскапи. Натамошен ефект -странските пари оддалеку ќе ја заобиколуваат Грција.
Без натамошна помош од Европа и Запад и приватните инвеститори можат да бидат одвратени ако се прекршат договорите.
И европските соседи ќе претрпат силни финансиски последици.
Зашто, при излез од еврозоната, Грција нема да ги плаќа долговите кон европските партнери. И самата Германија ќе извиси за околу 80 милијарди евра. Можна последица би биле повисоки даноци за граѓаните.
На меѓународна сцена ќе биде загрозено и заедништвото, на кое Европа радо се повикува.
А самото евро?
Еврото веројатно ќе го преживее „грекситот“. Според експертите, распадот на еврозоната денес е помалку веројатен отколку пред три години.
Но, заедничката валута значително би загубила на вредност.