Ѓоковиќ го победи Надал во АТП-финалето
12 ноември 2013Новак Ѓоковиќ го доби мечот во Лондон во два сета, за 96 минути. Ова е трета победа во третото негово финале на завршниот Мастерс турнир, додека Надал и во вториот финален меч остана без трофеј. Србинот претходно победи и во 2008 и 2012 година.
Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6:3 во гемови и притоа имаше два брејка, а Надал еден. Во вториот сет беше 6:4 за Ѓоковиќ, кој направи еден брејк и ја искористи третата меч топка.
Во меѓусебните дуели скорот сега е 22:17 за Надал, а во 2013 година 5:4 за Шпанецот. За Ѓоковиќ ова беше 41.ва титула или седма во 2013 година.
И покрај поразот во финалето Надал 2013 година ќе ја заврши како број1, а Ѓоковиќ е број 2 на светската АТП ранг листа. Во игра на двојки победија Шпанците Фернандо Вердаско и Давид Мареро, кои беа подобри од Американците, браќата Боб и Мајк Брајан.