1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѓоковиќ и Федерер во битка за тенискиот трон

СН/БГ/макфакс/дпа12 ноември 2012

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, вечерва, ќе се борат за последниот трофеј во 2012 година, во финалето на Мастерс купот, во Лондон.

https://p.dw.com/p/16h6y
Фотографија: AP

Најдобриот на светот, Ѓоковиќ до финалниот меч во Лондон стигна на импресивен начин,без пораз на четирите одиграни мечеви. Тој во фазата по групи ги победи
Цонга, Мари и Бердих, а во полуфиналето беше подобар од Дел Потро.

На патот до финалето, Федерер загуби еден меч од Дел Потро, а ги победи
Типсаревиќ и Ферер во групата и Мари во полуфиналето.

Доколку Ѓоковиќ победи во финалето, ќе освои 1.500 бодови, а и ќе ја добие
максималната парична награда од 1,76 милиони долари.

Србинот и Швајцарецот во Лондон ќе се сретнат по 29-ти пат, повеќе победи -
16 има Федерер. Оваа сезона резултатот во меѓусебните дуели е 2:2, Новак
победи во полуфиналените мечеви во Рим и Ролан Гарос, додека Федерер
забележа победи во полуфиналето на Вимблдон и во финалето на труснирот во Синсинати.

Мечот во Лондон ќе биде второ финале на Мастерс купот за Ѓоковиќ, додека
Федерер, кој ја брани титулата, се избори за својот осми финален
меч.