1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист во светот

7 февруари 2012

Српскиот тенисер е избран за најдобар спортист од страна на жири составено од 47 еминентни поранешни и актуелни спортисти

https://p.dw.com/p/13yMB
Новак ЃоковиќФотографија: dapd

Новак Ѓоковиќ и Вивиен Черијот се освојувачи на престижната награда „Лауреус“, за најдобри спортисти во светот за 2011-та година.

Ѓоковиќ изминатата година освои 10 титули, од кои три на Грен слем турнирите (Австралија опен, Вимблдон и УС Опен) и стана најдобра тенисер на светот. Престижната награда, српскиот тенисер ја освои пред Австралискиот велосипедист Кадел Еванс, а номинирани во оваа категорија беа уште Усеин Болт, Лионел Меси, Себастијан Фетел, Дирк Новицки.

Наградата за најдобра спортистка ја доби атлетичарката од Кенија, Вивиен Черијот, која стана светска првенка на 5 и 10 илјади метри. Најдобар тим за 2011-та година е Барселона, која стана шпански, европски и светски првак. Наградата „Лауреус“ се доделува од 2001-ва година, а многумина ја нарекуваат и спортски Оскар. Освојувачите на наградите ги избраа 47-те спортски звезди, членови на спортската академија „Лауреус“.

Награда за животно дело годинава му припадна на прославениот британски фудбалер Боби Чарлтон.

Автор: ЖА/БГ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски