Ѕвездите во предизборна кампања - кој кого поддржува?
Хилари Клинтон или Доналд Трамп? Американските ѕвезди се вклучуваат во предизборната кампања на своите фаворити делумно со методи полни фантазија
За Хилари!
На една недела пред претседателските избори во САД, пејачката Џенифер Лопез јасно се определи за Клинтон. И Бон Џови е на турнеја во поддршка на Хилари, настапувајќи на бесплатни концерти под мотото "Love Trumps Hate".
И Кејти Пери е за Хилари
Американската пејачка е активна на сите начини во кампањата на Клинтон, пее на бесплатни концерти, оди во студентски домови, а кулминација е едно видео на кое гола ги повикува своите фанови да излезат на гласање. Клипот на Јутјуб има веќе преку 3,7 милиони клика.
Стисната тупаница
Роберт Де Ниро пак исто така во видео не остава простор за сомнеж за кого се определил: „Тој вели дека ќе ги тепа луѓето кои протестираат на неговите настапи. Јас радо би му удрил една тупаница в лице. Би сакале ли ваков тип за претседател? Не верувам.“
„Генерација на слабаци“
Клинт Иствуд, напротив, е на страната на Трамп. „Живееме во ера на генерација слабаци“, тврди актерот, но овој веројатно највлијателен поддржувач на Трамп не е во никој случај негов најголем симпатизер. Тој само го смета за помало зло, констатира Иствуд.
Прашање на имиџ
Некои американски ѕвезди не се изјаснуваат јавно за Трамп, стравувајќи за својот имиџ. Но, Чарли Шин не спаѓа во нив. Откако претходно го критикуваше, летоска актерот напиша на Твитер: „Ако Трамп ме повика, веднаш би станал негов заменик-претседател!#TrumpSheen16".
Мерил Стрип се политизира
Соочена со опасноста Трамп да стане претседател, дури и инаку неполитичката Мерил Стрип се качи на предизборната бина на демократите. Мерил не се сомнева воопшто во исходот од изборите: „Хилари Клинтон ќе биде претседателка на САД“.
Забавите на Клуни
Холивудската актерска ѕвезда Џорџ Клуни (десно) се прокламираше за симпатизер на Хилари уште додека таа беше сенатор, како што покажува фотографијава од 2003. година. Клуни во својата вила во Лос Анџелос организира вечерни забави за собирање парични донации за изборната кампања на Клинтон. Гостинот треба да плати 33.400 долари за вечерата.
Хилари танцува пред камерите
Многу ефектно беше и гостувањето на Клинтон во емисијата на познатата американска ТВ-водителка Елен Деџенерис (десно), со американската комичарка Ејми Шумер (лево) и поп-ѕвездата Пинк, кога претседателската кандидатка танцуваше врбувајќи гласови на избирачите.
Фановите на Трамп
Листата на поддржувачи на Трамп во целина е кратка. Еден е борачот Халк Хоган, а за републиканскиот кандидат врбуваат и боксерскиот шампион Мајк Тајсон и пејачот Кид Рок, но само тивко, никој од нив не може да се види на јавните настапи на Трамп.
Од врата до врата во колеџ
Мајли Сајрус од таборот на Клинтон неодамна одеше од врата до врата во колеџ во Вирџинија. Самонаречената „најголема светска феминистка“ се надева да ја види Хилари Клинтон како прва американска претседателка.
Хилари за претседател
#HillaryForPresident Активноста на бројни проминентни личности преку различни социјални медиуми е насочена првенствено кон освојување на симпатиите на младите гласачи. Тие инаку се скептични кон Клинтон. За демократската кандидатка меѓутоа е добредојдена поддршката од ѕвездата од реалните ТВ-шоуа, Ким Кардашијан со нејзините речиси 50 милиони следбеници на Твитер.