Јапонија-Авганистан
13 ноември 2007Реклама
Долниот дом на јапонскиот парламент донесе одлука за продолжување на мисијата во Авганистан за уште една година. Постојниот мандат истече во октомври. Законот мора да помине и во горниот дом на Парламентот, каде опозицијата има мнозинство. Таа е против ваквото решени. Јапонија во анти терористичката мисија во Авганистан учествува главно со логистичка поддршка.