1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јуратовиќ: Македонија продолжува по досегашниот пат, кој не е иднина, туку статус кво!

Силвера Падори-Кленке28 април 2014

На резултатите од вчерашните (27.04) избори за Дојче веле прв реагираше социјалдемократот и пратеник во Бундестагот Јосип Јуратовиќ, според кого во Македонија и во иднина ништо нема да се смени!

https://p.dw.com/p/1BpKi
Фотографија: Büro Juratovic

„Исходот од изборите, претседателските и предвремените парламентарни, говори дека во Македонија нема ништо да се смени. Резултатите го потврдија владеењето на владеачката партијa, иако ветувањата кои беа давани едноставно беа невозможни. Мислам пред се‘ на ветувањата за поголеми плати и пензии, за кои патем не одлучува владата, туку работодавачите, потоа ветувањата за изградба на автопати кои и до сега беа обврска на владата и сл. Се' на се' изборниот резултат покажува дека Македонија ќе продолжи по досегашниот пат, кој за жал не е иднина, туку статус кво! Поради сево ова сметам дека и членството во Европската унија нема да биде одредено од решението на спорот со името со Грција, туку од стабилноста на земјата. Сега по изборите се говори дека имало манипулации и сл. Може се‘ да се говори, но резултатите се јасни, па затоа и опозицијата која најавува дека нема да ги признае изборите, според мене мора да поразмисли каква била климата и однесување во целиот процес. Политичките партии и општествената политичка сцена треба да се фокусираат и размислат за вредноста на еден глас, кој по дефиниција е чест и светост, како и за демократскиот пристап кон гласање. 20 години по паѓањето на социјализмот мое чувство е дека тој демократски процес, не само во Македонија, туку и во регионот, не е целосно развиен и осознаен, зашто едноставно не се знае вредноста на еден глас. Партиската политика не е доволно развиена, така што политичките елити не се пример во општеството, но и општеството не е така развиено за партиите да ја сносат одговорноста за своето однесување“, изјави за Дојче веле Јосип Јуратовиќ (на насловната фотографија) пратеник од СПД и член ан Комисијата за надворешна политика во Бундестагот.