1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ќе има ли задолжителна вакцинација во Германија?

ЕМФ | агенции
7 април 2022

Германскиот Бундестаг дебатира за воведување обврска за вакцинирање против Ковид. Исходот од гласањето е неизвесен.

https://p.dw.com/p/49aL2
Coronavirus Spritze mit Corona-Impfstoff
Фотографија: Weber/Eibner-Pressefoto/picture alliance

Германските пратеници водат делумно жестоката дебата околу обврската за вакцинирањепротив Ковид. Министерот за здравство Карл Лаутербах (СПД) и пратеникот на Зелените, Јанош Дамен, се изјаснија за воведување задолжителна вакцинација за лицата над 60 години.

Експертот на пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), Тино Зорге, застана зад барањето на Унијата за носење закон за превенција со вакцинирање, кој, меѓу другото, предвидува создавање вакцинален регистар. Пратеникот на ФДП, Волфганг Кубики, залагајќи се за ваквото барање рече дека со него се предвидува залагање за вакцинација, но не и обврска за вакцинирање. Шефицата на пратеничката група на деснопопулистичката АфД, Алис Вајдел, отфрла задолжителна вакцинација, затоа што тоа, според неа, значи посегање по телесната неповредливост.

На гласање во парламентот се неколку предлози. Две групи пратеници, каде припаѓаат и Лаутербах и Дамен, во вторникот вечерта (5.04) постигнаа согласност за заеднички предлог закон за воведување задолжителна вакцинација за лица над 60 години.

Deutschland | Debatte über Impfpflicht im Bundestag
Исходот од гласањето во Бундестагот е неизвесенФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Членовите на Унијата бараат закон за превенција со вакцинација. Два други предлога се против задолжителна вакцинација. Против обврска за вакцинирање се изјаснуваат пратеници од различни пратенички групи. Тие сакаат зголемување на свеста за вакцинирање преку поголемо информирање. АфД има свој предлог насочен против задолжително вакцинирање.

- повеќе: Пандемијата беснее- во втор план: Нов рекорд на заразени во Германија

Исходот од гласањето е сосема неизвесен. Од владини кругови се вели дека канцеларот Шолц ја повикал министерката за надворешни работи Бербок да се врати од средбата на НАТО во Брисел за да присуствува на гласањето во Бундестагот.